„Сива Зона“ е интерактивна едукативна игра која ја носи приказната на средношколец во последната година од своето образование. Играчот се најдува пред важен животен избор — каде и како ќе го продолжи своето образование. По добивање можност за стипендија на престижен универзитет во странство, времето за апликација е кратко и патот исполнет со предизвици.
Во играта, секој чекор носи избор: чесен пат, исполнет со труд и подготовка, или полесен пат преку коруптивни практики. Овие избори го водат играчот низ „сива зона“ — простор каде границите меѓу етичкото и нелегалното се заматени. Секоја одлука има последици — од успех без компромис до губење на можноста, или постигнување на целта со негативни последици по интегритетот. Играта нуди повеќе сценарија и завршетоци, поттикнувајќи критичко размислување и развој на вредности како интегритет, чесност и отпор кон корупција.
Цели на „Сива Зона“:
Приказ на реални коруптивни ситуации и предизвици.
Поттикнување критичко размислување, морална проценка и рефлексија.
Создавање долготраен едукативен ресурс за формално и неформално учење.
Што следи играта
Интегритет
ИнтегритетСекоја кратенка откинува парче од него.
РепутацијаШто другите веруваат дека си направил.
08:00
Време · Ден 1Часовникот не застанува, ниту кога е отворено менито.
ПариНекои врати се отвораат за пари.
Четири шалтери. Еден рок.
Штиклирај едно поле на секој формулар.
Извод од матична книга
Потврда од секретаријат
Тест по англиски
Интервју
Одлука за стипендијата
Извод од матична книгачесно
Потврда од секретаријатчесно
Тест по англискичесно
Интервјучесно
Одобрено
Стипендијата е твоја, заработена чесно. Потрае подолго, но никој не може да ти ја земе.
Одобрено
Успеа. Но секоја кратенка остави трага, и ти знаеш каде.